Достапни линкови

БиХ на 12 октомври на општи избори


Во Босна и Херцеговина на 12 октомври годинава ќе се одржат општи избори. Околу три милиони и 200 илјади регистрирани гласачи ќе избираат членови на босанското заедничко претседателство и на парламентот, како и членови на собранијата на двата ентитета во таа земја и советници во десете кантони. Гласачите во Република Српска, како и гласачите во рамките на муслиманско хрватската федерација ќе избираат и свој претседател. Милорад Додик е претседател на Република Српска од ноември 2010 година.
XS
SM
MD
LG