Достапни линкови

Самарас против Сириза и за спорот со Македонија


Андонис Самарас

Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас во Солун го нападна лидерот на опозициската Сириза Алексис Ципрас, меѓу дрогото, и за ставот за прашањето за името на Македонија. Одговарајќи на обвинувањата дека нема капацитет да се справи со овој спор, грчкиот премиер, како што пренесува агенцијата МИА, рекол дека за тоа зборувале токму оние чии членови Скопје официјално секаде го нарекуваат Македонија. Во меѓувреме, заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Куркулас во интервју за еден австриски весник, уште еднаш ги обвини македонските власти за национализам. Грција направи многу чекори, учествува во разговорите и сакаме решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Но, Скопје треба да се воздржи од екстремните ставови и да придонесе за подобрување на односите, рече Куркулас.
XS
SM
MD
LG