Достапни линкови

ЕУ им помага на Србија и БиХ во борбата со поплавите


Европската унија го активира нејзиниот механизам на цивилна заштита за да им даде помош на Србија и Босна и Херцеговина во борбата против попчавите, соопштено е денеска во Брисел. На Србија и се најпотребни пумпи за вода и стручни лица кои можат да ракуваат со нив, додека Босна побара хеликоптери и моторни чамци за евакуација на луѓе и транспорт на помош. Им благодарам на колегите од Германија, Бугарија, Австрија и Словенија што веднаш покажаа солидарност, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева. Србија побара и доби помош од Русија која испрати тим од 70 луѓе. Во механизмот за цивилна заштита на Унијата се вклучени, освен членките на Унијата уште Македонија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
XS
SM
MD
LG