Достапни линкови

Брисел бара дијалог и флексибилност, а не фрустрираност


Европските претставници на вчерашната средба со претседателот Ѓорге Иванов ги посочија решавањето на спорот за името и политичкиот дијалог како клучни услови за приближување на Македонија до ЕУ.

Не сум оптимист во поглед на разрешувањето на двете прашања кои како главни пораки ни беа испратени од Брисел, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика, по средбите на претседателот Ѓорге Иванов со првиот човек на Европскиот совет и на еврокомесарот за проширување. Политичкиот дијалог е на најниско ниво во последните неколку години, истакнува Јорданова.
Доколку продолжи отсуството на опозицијата од парламентот, отсуството на слух од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тогаш можностите да се отвори европската перспектива повторно се навистина минимални.


„Доколку продолжи отсуството на опозицијата од парламентот, отсуството на слух од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тогаш можностите да се отвори европската перспектива повторно се навистина минимални“, изјави Јорданова и додава дека ситуацијата дополнително ја усложнува барањето за флексибилност во однос на прашањето за името, за кое како што вели, освен цврстите ставови на Владата, карактеристично е и немањето заедничка позиција на клучните политички субјекти. Архивска фотографија.

Архивска фотографија.



„Секако дека ќе биде интересно понатаму како ќе се однесува ДУИ, имајќи го предвид испорачувањето на нивниот нов услов за останување во владата, членство во НАТО, и тука не гледам некои големи очекувања бидејќи работите понатаму се усложнуваат кон помалку разбирање за заедничката иднина“, вели Малинка Ристевска Јорданова.
Сега ни претстои да профункционираат парламентарните институции, враќање на опозицијата во парламентот и се разбира оформување на стратегијата како понатаму со Европската унија.


Спротивно на ваквите прогнози, според професор Димитар Мирчев, пак, конструктивна и успешна била вчерашната средба Иванов со Ромпуј и еврокомесарот за проширување Филе. Мирчев е оптимист дека во периодот што следува ќе се постигне напредок во однос на главните пораки од Брисел, односно потребата од политички дијалог и флексибилност во однос на спорот за името.

„Сега ни претстои да профункционираат парламентарните институции, враќање на опозицијата во парламентот и се разбира оформување на стратегијата како понатаму со Европската унија“, вели Мирчев.

Ако сакаме розова иднина за нас, некои работи мораат да одат во обратна насока од сегашната, нагласува Јорданова. Актуелните трендови на разногласие и немање разбирање меѓу клучните политички субјекти во земјата, негативно ќе се одразат на македонските евроинтеграции, заклучува таа.

„Без да има такво разбирање меѓу клучните европски субјекти и македонската влада за тоа кои се наредните чекори и за тоа заедно да се излезе пред земјите-членки, навистина мала е основата за оптимизам“, вели таа.

И Мирчев вели дека доколку политичката криза во земјава продолжи и во блиска иднина не заживее политичкиот дијалог, ќе имаме негативни последици врз евроатлантската иднина. Сепак, се надева дека разумот и желбата за дијалог ќе надвладее.

„Меѓутоа, мислам дека ќе надвладее разумот, ќе надвладее желбата за дијалог која сите ја сугерираат“, вели Мирчев.

Инаку, во соопштението по средбите во Брисел, челникот на Европскиот совет порачува дека дури и тешки прашања може да бидат решени доколку постои политичка волја, а идентични пораки беа испратени и по средбата на Иванов со еврокомесарот Филе.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG