Достапни линкови

Опозицијата убедливо победи на изборите во Индија


Првичните резултати од изборите во Индија покажуваат дека убедлива победа однесе опозициската Баратија Џаната партија на лидерот Наредра Моди. Владејачката Конгресна партија на Индија веднаш го призна поразот нечекајќи ги официјалните резултати. Според некои изборни проекции, Баратија Џаната партијата би можела да има апсолутно мнозинство во парламентот кој има 543 места. На овие избори кои почнаа на 7 минатиот месец е забележан рекорден одѕив, односно над 66 насто од 814 милиони со право на глас.
XS
SM
MD
LG