Достапни линкови

logo-print

Иран: тешки нуклеарни преговори


Ирански официјални претставници денеска оценија дека преговорите за нуклеарната програма со шестте светски сили во Виена биле тешки, но оти напредуваат. Соединетите држави, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија сакаат Иран да се согласи да го ограничи збогатувањето ураниум во замена за отстранување на економските санкции. Американски и европски претставници соопштија дека до крајот на денешниот финален ден на преговорите би можело да се постигне нацрт договор. Иран замрзна дел од своите нуклеарни активности на шест месеци, а за возврат доби олеснување на санкциите. Овој договор истекува на 20 јули.
XS
SM
MD
LG