Достапни линкови

logo-print

Сите политички чинители да се посветат на европската агенда


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

ЕУ агендата е најважна и сите политички чинители треба да се посветат на тоа, порачаа претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, по средбата во Брисел. Иванов од Ромпуј побарал хрватско-словенечки модел за Македонија во однос на паралелно решавање на спорот за името со Грција и напредување во евроинтеграциите, додека Ван Ромпуј побарал да се земе српско-косовскиот договор како пример за надминување на спорот.

„Посетата на Брисел беше во функција да се укаже на јасната определба на ЕУ-иднина на Македонија“, рече Иванов по средбата.

Ромпуј, пак, преку соопштение пренесе дека на средбата со Иванов се согласиле дека дијалогот и соработката треба да се негуваат кај сите политички партии.

Претходно претседателот Иванов се сретна и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG