Достапни линкови

Нови борби во источна Украина


Борби меѓу проруските сепаратисти и владините сили имало и ноќеска во источна Украина. Според новинските извештаи, украинската војска гранатирала позиции на сепаратистите во предградијата на Славјанск. Портпаролот на бунтовниците соопшти дека владините сили почнале да гранатираат и да пукаат со митралези кон нивните позиции уште вчера попладне и дека борбите продолжиле во текот на ноќта. Во меѓувреме, владините сили наводно ги блокирале сите патишта што водат до градот Краматорск. Во областите околу Славјанск во изминатите недели се водат тешки борби меѓу украинските сили и добро обучените и наоружани проруски сепаратисти кои ја презедоа контролата врз владините згради и воспоставија одбранбени позиции околу градот.
XS
SM
MD
LG