Достапни линкови

Руска ракета падна по лансирањето


Руската Федерална вселенска агенција соопшти дека ракетата Протон-М која носеше руски комуникациски сателит изгоре во вселената, откако не успеа да стигне до посакуваната орбита. Руските вселенски власти соопштија дека моторите од третата фаза не се активирале околу 9 минути по лансирањето од космодромот Бајконур во Казахстан со што ракетата дошла во „непланирана орбита“. Неколку часа подоцна агенцијата соопшти дека ракетата и скапиот комуникациски сателит Експрес-АМ4Р паднале во земјината атмосфера и се распаднале. Тие соопштија дека „некои мали фрагметни“ од ракетата и сателитот може да паднат на Земјата.
XS
SM
MD
LG