Достапни линкови

logo-print

Фокусот на САД врз Азија причина за тензии


Кинеската нафтена платформа во близина на брегот на Виетнам во Јужното Кинеско Море.

Кинеската нафтена платформа во близина на брегот на Виетнам во Јужното Кинеско Море.

Началникот на генералштабот на кинеската армија Фанг Фенгуи го посочи новиот фокус на администрацијата на Обама на Азија како виновник за споровите на Пекинг во Источното и Јужното Кинеско Море, велејќи дека „некои соседни земји“ го користат фокусот на Вашингтон на регионот за да предизвикаат проблеми. За време на неговата посета на Пентагон, кинескиот генерал исто така рече дека Вашингтон мора да биде објективен во однос на тензиите меѓу Кина и Виетнам. Тој го бранеше распоредувањето на кинеската армија на нафтена платформа во близина на брегот на Виетнам во Јужното Кинеско Море, велејќи дека Пекинг нема да се откаже од операцијата за дупчење и покрај насилните протести што тоа ги предизвика во Виетнам. Во насилните антикинески протести во јужен Виетнам оваа недела, толпата нападна кинески работници во една тајванска топилница, при што еден човек беше убиен, а повеќе од 100 беа повредени.
XS
SM
MD
LG