Достапни линкови

logo-print

Советник на Ердоган исклоца соборен демонстрант


Видео снимка на која се гледа како советник на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган клоца демонстрант соборен на земја од безбедносните сили вчера предизвика гневни реакции во Турција. Турските медиуми објавија и фотографии на кои се гледа дека заменик шефот на кабинет и советник на Ердоган, Јусуф Јеркел, клоца демонстрант. Инцидентот се случи завчера при посетата на Ердоган на Сома во западна Турција, каде што најмалку 283 рудари загинаа во најстрашната рударска несреќа во земјата. Гневните демонстранти го исвиркаа Ердоган, по што избија судири меѓу демонстрантите и полицијата, а турскиот премиер беше принуден да се засолни во еден супермаркет. Јеркел во вчерашното соопштение изрази жалење за инцидентот, тврдејќи дека бил испровоциран. Местото на рударската несреќа вчера го посети и претседателот Абдула Ѓул.
XS
SM
MD
LG