Достапни линкови

Анти-имигрантски протести во Русија


Полицијата во градот Пушкино во близина на Москва вчера уапси 60 учесници на анти-имигрантските протести на кои бараа апсење на Узбекистанец обвинет за убиство на локален жител. Уапсените подоцна беа ослободени. На протестите во градот на околу 30 километри североисточно од Москва излегоа стотици луѓе. Дел од демонстрантите извикуваа анти-имигрантски слогани, ги превртуваа тезгите на уличните продавачи, нападнаа автобус и го претепаа возачот. Протестите ги зголемија стравувањата од расни немири слични на насилствата во Москва минатиот октомври и во 2010 година, по убиствата на Словени за кои беа обвинети доселеници од Кавказот. До протестите во Пушкино дојде откако Жахонгир Ахмедов го избегна апсењето за убиството, поради тоа што оваа недела избега во родниот Узбекистан. Полицијата соопшти дека узбекистанската полиција го уапсила осомничениот и оти тој ќе биде екстрадиран за да му се суди.
XS
SM
MD
LG