Достапни линкови

Ослободени петмина западни хуманитарци во Сирија


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Петмина западни хуманитарци кои беа држени во заложништво во Сирија од јануари годинава се ослободени. Организацијата Доктори без граници со седиште во Париз вчера го потврди ослободувањето на нивните медицински специјалисти, кои се од Белгија, Данска, Шведска, Швајцарија и од Перу. Тројца од киднапираните биле ослободени на 4 април, а другите двајца завчера. За ослободувањето беа соопштени малку информации. Нивното киднапирање во северна Сирија доведе до тоа Доктори без граници да ја затвори болницата и два медицински центри кои работеа во земјата.

Киднапирањето на хуманитарни работници и новинари на териториите под контрола на сириската опозиција зачестија, особено од минатото лето кога исламистичките милитанти го засилија влијанието меѓу сириските бунтовници. Зад најголемиот дел од киднапирањата стојат исламистички организации поврзани со Ал Каеда, но има и такви извршени од криминални банди и од провладините милиции.
XS
SM
MD
LG