Достапни линкови

Кери до Русија: Оставете ја Украина да гласа


Американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Русија да не се меша во престојните претседателски избори во Украина, предупредувајки дека во спротивно Москва ќе се соочи со нови економски санкции. По состанокот во Лондон со министрите за надворешни работи од европските земји, Кери изјави дека пораката до Русија е: Оставете ја Украина да гласа. Кри додаде дека евентуалните нови санкции би се однесувале на најголемите руски сектори, вклучувајки го и гасот. Претходно, американски дипломат изјавил дека наредната фаза санкции против Русија ќе се фокусира врз новите инвестиции во руските најважни економски сектори.
XS
SM
MD
LG