Достапни линкови

НБРМ останува на проекцијата за раст од 3,7% оваа година


Народната банка на Република Македонија во најновиот квартален извештај, останува на претходните проекции за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 и 4,4 проценти за наредната година.
Гувернерот на НБРМ Димитар Богов, на денешната прес-конференција, истакна дека проекциите за растот на БДП се темелат на позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети врз база на странските директни инвестиции, државниот инвестициски стимул, закрепнувањето на пазарот на труд и кредитната поддршка која ќе продолжи со едно солидно темпо.
За девизните резерви, гувернерот истакна дека тие ќе се одржуваат на адекватно ниво. -Во изминатиот период има одредено намалување поради изостанување на капитални приливи, но очекуваме приливи од ИПА фондовите и некои други фондови и од Светска банка.
XS
SM
MD
LG