Достапни линкови

Дневен печат - Несреќата кај Сарамзалино и конгресот на СДСМ


Судирот на воз и автобус кај Сарамзалино и состојбите во опозициската СДСМ пред и по конгресот се главни теми во дневните весници.

Судирот на струмичкиот автобус со воз кај Сарамзалино, состојбата на патниците и кривичната пријава против возачот на автобусот за малку ги засенија вестите за политичките превирања во врска со откажувањето на новите пратеници на СДСМ од своите освоени мандати и од внатрешните состојби во партијата по конгресот во неделата на кој Заев, по тајното гласање, остана на првата функција.
Громогласно за Заев, опонентите во сенка.
Дневник.

За конгресот на СДСМ Дневник информира со следниов наслов: „Громогласно за Заев, опонентите во сенка“. Вечер, пак, прашува „Што може да се очекува по реизборот на раководството - Заев и Шеќеринска ќе тераат по старо“ - предвидува весникот. „СДСМ испорача ултиматум за влез во Собранието: Кривични пријави, техничка влада и нови избори“ - ја насловува Дневник информацијата за ставовите изнесени на Конгресот на СДСМ. Во врска со повикот од Вељаноски до опозицијата да влезе во Парламентот, а како потсетување на физичката пресметка со опозициските пратеници ланскиот 24 декември токму во Собранието, Слободен печат оди со наслов: „Пратеници од СДСМ, Трајко ве моли, дојдете, овој пат нема да боли!“ Утрински наведува дека „Новиот парламент е во ребус-ситуација - никој во Собранието не ги знае вистинските формули за тоа како ќе се регулира работниот статус на опозициските пратеници“.
ДУИ заборави на изборните барања и гласаше Трајко Вељаноски повторно да биде избран за претседател на Собранието.
Утрински весник.

Утрински информира и за ненадејниот пресврт кај ДУИ: „ДУИ заборави на изборните барања и гласаше Трајко Вељаноски повторно да биде избран за претседател на Собранието“.

Само Утрински го пренесува делот од интервјуто на холандската амбасадорка во земјава, Шурман, за Радио Слободна Европа, која вели: „Мирни избори не значат слободни избори“.

Нова Македонија се интересира за МВР – „МВР тежи колку 12 други министерства - според податоците од државниот буџет за ова година, МВР имало 10.859 вработени, со што е поголемо од 12 други министерства заедно, со исклучок на Одбрана и Образование. И буџетот од над 160 милиони евра е поголем од тој на 12 други министерства заедно“ - информира Нова Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG