Достапни линкови

Расмунсен бара вложување во одбраната на членките на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека намалувањата на трошоците за одбраната од страна на членките на Алијансата - особено во Источна и Централна Европа - е неодржлива со оглед на руското зголемување на трошоците за одбраната.

Говорејќи на конференцијата за безбедност во Братислава, Расмусен изјави дека руските трошоците за одбраната се зголемиле за над 10 проценти за секоја година во текот на изминатите пет години.

Спротивно на тоа, рече тој, неколку европски земји членки на НАТО ги намалија своите трошоци за одбраната за над 20 отсто во однос на истиот период. Според Расмунсен сега е време да започне обратен тренд.

На тридневната конференција со премиерите на Полска, Унгарија, Словачка и Чешка фокусот е врз на безбедносните закани поради кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG