Достапни линкови

Поплави и невреме во Србија, БиХ и Хрватска


Вонредна состојба поради поплави и временски непогоди е прогласена во пет градови и 13 општини во Србија, соопшти српското министерство за внатрешни работи, додавајќи дека се евакуирани 500 лица. Најкритична е ситуацијата на територија на Колубарскиот, Мачванскиот и Моравскиот округ.

Поради поплави, Претседателството на БиХ донесе одлука за ангажиурање на оружените сили за помош во спасување на луѓе и заштита на имоти. Најтешка е ситуацијата во Тузланскиот и Сараевскиот кантон.

Во Хрватска пак е издадено предупредување за речиси целата држава заради поројни дождови и повремена појава на бури. Уште од синоќа силна бура имаше во Сплит, во Макрска, трогир и во Комижа.
XS
SM
MD
LG