Достапни линкови

Турските синдикати повикаа на штрајк во целата земја по најтешката рударска несреќа во која, според последните информации, загинале над 280 рудари. Во Турција расте незадоволството како што се губат и последните надежи дека ќе има преживеани меѓу 120 рудари кои се уште не се извлечени од рудникот.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој го посети местото на несреќата во рудникот за јаглен во Сома се соочи со бесот на насобраните луѓе поради најтешката рударска несреќа во историјата на Турција. Неговиот автомобил беше удиран од луѓето кои бараа да си поднесе оставка.
Вакви рударски несреќи не се случуваат само во Турција. Тие се случуваат и во многу други земји како Соединетите Држави, Кина, Франција, Белгија. Нашата земја не е во подобра позиција.


Во истовреме во неколку градови во Турција дојде до протести на кои беше обвинувана владата дека не презема доволно мерки за заштита на работниците.

Во Истанбул полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера неколкуте илјади луѓе кои носеа рударски капи и светилки. Полицијата се судри и со демонстрантите во Анкара, но и во други градови.

Ваквиот израз на лутина може да има големи последици за турскиот лидер кој се очекува да се кандидира за претседател на изборите закажани за август годинава. Ердоган кој претходно прогласи тридневна жалост ги отфрли обвинувањата.

„Вакви рударски несреќи не се случуваат само во Турција. Тие се случуваат и во многу други земји како Соединетите Држави, Кина, Франција, Белгија. Нашата земја не е во подобра позиција“, вели Ердоган.
Стотици наши браќа во Сома беа оставени да умрат поради тоа што беа принудени да работат во брутални услови со цел на газдите да им обезбедат максимум профит.

Министерството за труд соопшти дека ден пред несреќата била извршена редовна инспекција на рудникот во Сома, но оти притоа не биле откриени никакви дефекти.

Но, пратеникот од главната опозициска Републиканска партија Хуршит Гунеш изјави дека претходно имало барање за парламентарна истрага на безбедноста и работните услови во рудниците околу Сома кое било отфрлено од владејачката партија.

Опонентите на Ердоган кој во минатата година се соочи со масовни протести против неговото владеење ја нападнаа неговата влада дека им ги издала рудниците на приватници кои биле поврзани со владејачката партија и кои ги одбивале сите барања на сидикатите за подобрување на условите за работа.

„Стотици наши браќа во Сома беа оставени да умрат поради тоа што беа принудени да работат во брутални услови со цел на газдите да им обезбедат максимум профит“, се наведува во соопштението на синдикатите.

Забрзаниот економски развој на Турција во изминатата декада предизвика вистинска трка за задоволување на се поголемата побарувачка за енергенси, при што биле заборавени стандардите за безбедност на работниците и рударите.

Несреќата во рудникот во Сома се случила откако избувнал пожар во трафостаницата по што дојде до прекин на електричната енергија и прекин на работата на лифтовите по што 787 рудари останале заробени под земја.

450 од нив спасувачките екипи успеале да ги извлечат, додека повеќето од жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.

„Екипите впумпуваа кислород во галериите на рудникот и ги вентилираа, но јаглерод моноксидот убива за 3 до 5 минути. Ако не се случи некакво чудо, тогаш не можеме да очекуваме некој да преживее“, вели Мехмед Торун, од турската рударска комора.

Последната голема несреќа во Турција се случи во 1992 година кога во експлозија на гас загинаа 263 работници во црноморското пристаниште Зонгулдак.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG