Достапни линкови

ОБСЕ го поздрави дијалогот во Киев


ОБСЕ го поздрави почетокот на првиот национален дијалог на Украина за уставните реформи и за кризата во источниот дел на земјата.

Швајцарскиот министер за надворешни работи Дидие Буркхалтер, кој е претседател на ОБСЕ, изјави дека на тркалезната маса во Киев вчера имало конструктивна и дискусија на која се поставени основите за следните средби кои треба да се одржат во регионите.

На разговорите учествуваа поранешни лидери, владини претставници, и пратеницити, но не од редовите на про-руските сепаратисти од истокот на Украина.

Буркхалтер изрази надеж дека дијалогот ќе помогне за стабилизирање на политичката ситуација пред претседателските избори на 25 мај.

Во меѓувреме, Интерфакс го цитира украинското Министерство за одбрана кое соопшти дека офанзивата против бунтовниците во Краматоркс продолжува.
XS
SM
MD
LG