Достапни линкови

logo-print

ЕБОР предупреди на рецесија во Украина


Европската банка за обнова и развој предупреди дека кризата во Украина ќе има негативно влијание не само врз украинската и руската економија, туку исто така и низ поголемиот дел на Европа и Кавказ. На годишниот состанок на бордот на Банката во Варшава, економистите на ЕБОР најавија ревидирани предвидувања, според кои Украина ќе навлезе во длабока рецесија во 2014 година, а санкциите против Русија во врска со нејзината улога во Украинската криза ќе придонесе кон економска стагнација таму. ЕБРД, исто така предвидува намалување на економскиот раст во Белорусија, Молдавија, Ерменија, Азербејџан и Грузија. Економиските експерти на Банката велат дека е тоа затоа што геополитичката ситуација ги прави странските инвестиции во регионот се поризични, а исто така се намалува и побарувачката за извоз.
XS
SM
MD
LG