Достапни линкови

Нови насилства во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека 10 луѓе, вклучувајќи и пет напаѓачи-самоубијци биле убиени во вчерашните насилства, откако талибанците објавија дека почнале пролетна офанзива. Најсмртоносниот напад вклучува пет милитанти облечени со самоубистени елеци коишто ја опколиле гранична полиција во јужниот дел на Авганистан. Портпаролот на провинциската влада во Кандахар изјави дека тројца полицајци биле убиени заедно со сите пет напаѓачи. На источната страна од Кабул, еден авганистански војник беше убиен кога магнетна бомба прицврстенa на возило на авганистанската армија експлодиралa.
Шефот на полицијата во Кабул, генерал Мохамед Захир Захир изјави дека една жена и дете се повредени од утринската експлозија. Талибанците ја презедоа одговорноста за двата напади. Во меѓувреме, во провинцијата Газни, во ракета истрелана во станбена населба на главниот град загина една жена, а повредено е дете.
XS
SM
MD
LG