Достапни линкови

Обама во посета на Националниот меморијален музеј 11 септември


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе го посети новиот Национален меморијален музеј 11 септември" во Њујорк, кој претставува подземен музеј на местото на поранешниот Светски трговски центар. Заедно со роднините на речиси 3.000 луѓе кои беа убиени во терористичкиот напад на кулите-близначки, Обама и семејствата на жртвите ќе биде меѓу првите кои ќе ги погледнат мрачните дисплеи. Музејот ја раскажува вознемирувачката приказна од 11 септември 2001 година преку последните гласовни пораки на жртвите, фотографии на луѓе кои паѓаат од кулите-близначки и артефакти кои вклучуваат рачен часовник она еден од патниците кои се спротивставиле на киднаперите на Ал Каеда. Проектот го обележаа проблеми со изградбата, финансиски спорови и контроверзии околу чествувањето на остатоците на жртвите закопани таму. Музејот за јавноста ќе биде отворен на 21 мај.
XS
SM
MD
LG