Достапни линкови

logo-print

Неоправдана употреба на сила во затворот во Иран


Амнести интернешенел соопшти дека чуварите на озогласениот затвор Евин во Иран одговориле со "неоправдана употреба на сила" на протестот на политичките затвореници. Во извештајот на Амнести се вели дека затворениците со врзани очи и лисици биле влечени и тепани со палка од чуварите. Амнести нагласува дека локалните активисти во Иран ги опишуваат настаните во затворот Евин како "црн четврток." Заменик-директорот на Амнести за Блискиот Исток и Северна Африка, изјави дека затворските чувари одговориле со ужасно ниво на бруталност на протестот. Иранскиот потпретседател Мохамад Нобакт најави официјална истрага за однесувањето на стражарите и најави подготовка на извештај за инцидентот во Евин" за кои ќе биде информирана и јавноста.
XS
SM
MD
LG