Достапни линкови

logo-print

Бројот на жртви во рударската несреќа во Турција се искачи на 282


Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека бројот на загинатите во вчерашниот инцидент во рудникот во Сома во западна Турција се искачил на 282 лица, откако нови тела биле извадени ноќеска од рудникот. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека многу земји понудиле помош за извлекување на преживеаните рудари, меѓу кои САД, Израел, Франција, Полска, Германија, Иран, Грција и Европската унија.
"Сега спасувачите се на најдлабокото место во рудникот. Нивните можности се доволни и немаме потреба од странска помош. Во неопходен случај ќе побараме помош", се наведува во соопштението на Министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме, турската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Анкара и во Истанбул, кои бараат оставка од Владата поради рударската несреќа. На протестот во Анкара учествуваа околу 4.000 луѓе, а дел од нив се судрија со полицијата.
XS
SM
MD
LG