Достапни линкови

Борис Лаловац избран за нов министер за финансии на Хрватска


Хрватскиот сабор го потврди именувањето на Борис Лаловац за нов министер за финансии на Хрватска, на местото на Славко Линиќ, кој беше сменет од функцијата поради обвиненија за корупција. Лаловац досега ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ го смени од должност Линиќ на 6 мај поради обвинение дека го оштетил државниот буџет за 3,5 милиони евра. Премиерот Зоран Милановиќ истакна дека ваквата одлука била донесена уште пред два месеца, кога директорката на даночната управа предупредила за неколку сомнителни предбанкротни договори на Линиќ.
XS
SM
MD
LG