Достапни линкови

logo-print

Се помали надежи за преживеани рудари во несреќата во Турција


Се помали се надежите на спасувачките екипи во потрагата по преживеани во вчерашната несреќа во рудникот за јаглен во Сома, западна Турција. Премиерот Реџеп Таип Ердоган кој денеска го посети местото на несреќата изјави дека загинале над 230 рудари, додека над 130 се уште биле затрупани во рудникот. Обвинителство почна истрага за несреќата до која дојде по експлозија на трафостаница во рудникот. Во меѓувреме турската полиција употреби солзавец против група демонстранти во Анкара, кои се собраа на протести, обвинувајќи ја владата дека е одговорна за рударската несреќа. Во Турција е прогласена тридневна национална жалост.
XS
SM
MD
LG