Достапни линкови

logo-print

Лавров: Украина е се поблиску до граѓанска војна


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Украина е се поблиску до граѓанска војна. Тој во интервју за телевизијата Блумберг прецизира дека во југоисточните делови на Украина се водела вистинска војна што пак, ги отежнува условите за спроведување фер претседателски избори кон крајот на месецов. Според него, за да успее дијалогот за национално единство, неопходно е во него да учествуваат претставници од сите региони на Украина. Вооружените сепаратисти од источна Украина не учествуваа на разговорите за иднината на земјата што денеска почнаа во Киев. Лавров повтори дека Москва нема намера да испраќа руски војници во Украина.
XS
SM
MD
LG