Достапни линкови

Ветувањата за подобро утре важат само до избори


Изборите завршија, а рекламите по медиумите за подобро утре поминаа. Сега останува прашањето дали партиите кои победија ќе ги реализираат ветувањата со кои го освоија гласот на граѓаните.

Старо-новата коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно во наредните четири години ќе го креира животот на македонските граѓани. Изборите завршија, а рекламите по медиумите за подобро утре поминаа. Сега останува прашањето дали партиите кои победија ќе ги реализираат ветувањата со кои го освоија гласот на граѓаните. И двете партии за време на кампањата ги презентираа и програмите и планот на дејствување, како и кои ќе им бидат приоритетите во новиот мандат. Граѓаните кои ги анкетиравме се поделени. Едните им веруваат и очекуваат партиите да го остварат тоа што го понудиле, а другите се скептични.
Тие остварија во поглед на она што го кажаа дека ќе изградат, а не успеаја да го реализираат она што ние како граѓани го очекуваме, да го решат проблемот и на некој начин безусловно да влезат во Европската унија.


„Тие ќе треба да одговорат и се надевам дека ќе останат на тоа што го кажаа, па сега ќе видиме.“

„Па тие остварија во поглед на она што го кажаа дека ќе изградат, а не успеаја да го реализираат она што ние како граѓани го очекуваме, да го решат проблемот и на некој начин безусловно да влезат во Европската унија.“
„Јас мислам дека ќе ги исполнат ветувањата, ќе биде подобро.“

„Не знам, не може никој да прогнозира, потоа ќе видиме, слаби се на ветување сите.“

„Тешко, во ова време тешко.“
Јас сметам дека најголемиот проблем е што политичките партии после изборите не се занимаваат до проблемите на населението, туку се занимаваат со проблемот на нивните партиски војници.

Социологот Хисен Јашари вели дека политичарите како и во секоја друга земја е нормално пред избори да пласираат разни ветувања, но откако ќе извојуваат победа забораваат на граѓаните.

„Јас сметам дека најголемиот проблем е што политичките партии после изборите не се занимаваат до проблемите на населението, туку се занимаваат со проблемот на нивните партиски војници. Тие најмногу се плашат од нив со оглед на тоа дека партиските војници им носат гласови од терен и тие вршат притисок во партиските кругови.“

Јашари додава дека поради реализација на партиските обврски, а не со егзистенционалните потреби на граѓани.

„Личните интереси предничат во однос со вкупните, колективните интереси на граѓаните, пред егзистенцијалните потреби на луѓето.“

Во меѓувреме опозицијата и натаму ги блокира институциите, а со тоа нема да може барем засега да се бори за приоритетите на нејзините гласачи и да ги корегира лошите политики на власта.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG