Достапни линкови

Три-дневна жалост во Турција за жртвите од несреќата во рудникот


Турската влада прогласи три-дневна жалост за жртвите од несреќата во рудникот за јаглен во западна Турција, на околу 120 километри од Измир. Според досегашните официјални информации, 205 рудари загинале, а стотици и натаму се затрупани во јамите на рудникот по експлозијата и пожарот. Илјадници членови на семејствата на рударите се собрале пред локалната болница. Турскиот министер за енергија Танер Јилдиз изјави дека во моментот на несреќата во рудникот имало 787 рудари. Поради несреќата, премиерот Реџеп Таип Ердоган ја откажа предвидената посета на Албанија.
XS
SM
MD
LG