Достапни линкови

Одбојкарите подготвени за новите предизвици


До далечните дестинации ќе одат со автобус, затоа што немаат доволно пари, важат за аутсајдери во нивната група, но тоа, сепак, не влијае негативно на репрезентативците. Тие се надеваат на пласман во баражот за Еуро

Македонската машка одбојкарска репрезентација обезбеди учество во квалификациите за ЕП кое во 2015-та година ќе се одржи во Италија и во Бугарија, откако изминатиот викенд на убедлив начин го освои првото место на претквалификацискиот турнир во Струмица.
Покажавме и докажавме дека претквалификациите за нас се само рутина. Она што ќе претстои е вистинскиот наш предизвик, поточно вистинскиот наш тест. Ќе играме против репрезентации кои што секогаш настапувале во завршницата на ЕП.
Жарко Ристoвски, селектор на машката одбојкарска репрезентација.


Таму загубивме само еден сет во дуелите со Азербејџан, Грузија и со Шведска и се пласиравме во групата А, каде што се наоѓаат и селекциите на Полска, Словенија и на Летонија. Со нив ќе се сретнеме на два турнира од кои првиот е од петок до недела (16-18 мај) во Вроцлав (Полска), а вториот една недела подоцна (23-25 мај) во Љубљана (Словенија).


Во ова друштво важиме за аутсајдери, а дополнителен проблем за националниот тим е патувањето со автобус до далечните дестинации, поради финансиските проблеми на Одбојкарската федерација. Ова, сепак, не влијае негативно на репрезентативците. Тие со нетрпение ги очекуваат новите предизвици, а селекторот Жарко Ристoвски вели:
Мислам дека ќе добиеме на младост, ќе добиеме на полетност, ќе добиеме повеќе на хемија меѓу нас и мислам дека нема зошто да фали нешто, туку дека напротив ќе бидеме уште појаки.
Никола Ѓорѓиев, капитен.


„Покажавме и докажавме дека претквалификациите за нас се само рутина. Она што ќе претстои е вистинскиот наш предизвик, поточно вистинскиот наш тест. Ќе играме против репрезентации кои што секогаш настапувале во завршницата на ЕП. Меѓутоа, тоа ни претставува мотив за нас, за мене како селектор и секако играчите, за да ги покажат своите квалитети, токму во најквалитетните друштва“.

Адут плус за успешно претставување во Полска и во Словенија ќе ни биде враќањето во националниот тим на Јовица Симовски. Но, од друга страна, сега ќе играме без Александар Милков, кој реши да стави крај на репрезентативната кариера. Неговото отсуство е хендикеп, но, според капитенот Никола Ѓорѓиев, Македонија има соодветни замени за него.

„Сигурно дека Александар Милков ќе ни фали. Тоа е еден играч кој што во изминатите 15-ина години беше столб на нашата репрезентација. Меѓутоа, имаме ние убав квалитет на примачката позиција, тука се Вук Карановиќ и Александар Љафтов, кои што играа и добија шанса и на овој турнир, меѓутоа и на турнирот во јануари во Србија. Така што мислам дека ќе добиеме на младост, ќе добиеме на полетност, ќе добиеме повеќе на хемија меѓу нас и мислам дека нема зошто да фали нешто, туку дека напротив ќе бидеме уште појаки“, рече Ѓорѓиев.

Имајќи го предвид претходно кажаното, капитенот е убеден дека имаме сили за освојување на второто место во групата и пласман во баражот за Еуро, за што неопходни ќе ни бидат две победи во Вроцлав.

„Полска е апсолутен фаворит во оваа група и мислам дека во петок ние мораме да победиме против Словенија. Со самата победа во петок, во сабота играме со Полска, тука не сметаме на тие бодови и да ја победиме во недела Летонија. Ако ние успееме да оствариме две победи после првиот турнир, јас мислам дека ќе бидеме на еден чекор до баражот за ЕП“, додаде Ѓорѓиев.

Инаку, покрај домаќините Италија и Бугарија, како и директно пласираните европскиот првак Русија, Србија, Франција, Германија и Белгија, виза за Еуро (09-19 октомври 2015-та година) ќе извадат и репрезентациите кои по двата турнира ќе ги освојат првите позиции во шесте квалификациски групи, како и победниците во трите бараж двомечи (ќе се одиграат од 22 до 25 мај и од 29 до 31 мај 2015-та година) меѓу селекциите кои ќе завршат на вторите места.
XS
SM
MD
LG