Достапни линкови

Русија нема да ја користи меѓународната вселенска станица


Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин изјави дека Москва не планира да ја користи меѓународната вселенска станица по 2020 година, што ќе значи дека и САД нема да може повеќе да ја употребуваат. Според него, Русија ќе ги презентира деталите за пренасочување на ресурсите за неколку месеци.
Одлуката на земјата доаѓа по тензиите за украинската криза и санкциите кои ги преземаа САД. Рогозин порача дека Москва не сака да го продолжи спроведувањето на високотехнолошките проекти со неверодостоен партнер кој се политизира.
XS
SM
MD
LG