Достапни линкови

logo-print

Долгометражниот документарен филм „ТАТ транзициска еуфорија или национална измама“ ја опишува историјата најголемата пирамидална финансиска измама во Македонија.

Историјата на ТАТ, најголемата пирамидална финансиска измама во Македонија, сега може да се погледа и на филмско платно. Снимен е долгометражен документарен филм „ТАТ транзициска еуфорија или национална измама“ во продукција на „Видеомозаик“, а во режија на Сашо Миленковски.
Целиот филм е околу феноменот на жртвата, значи периодот на транзиција на дестабилизација на феноменот на верба.

Опишана е транзицијата, како поволен општествениот амбиент за создавање на штедилницата, нејзиното пропаѓање, протестите на 13 илјади штедачи кои загубија 60 милиони евра, изјави кои ги дале во тоа време политичарите за таканаречениот октопод, кој никогаш не беше фатен, а затвор од 3,5 години одлежа само сопственичката Соња Николовска за даночно затајување.
Сашо Миленковски, режисер.

Сашо Миленковски, режисер.


„Целиот филм е околу феноменот на жртвата, значи периодот на транзиција на дестабилизација на феноменот на верба, отсуство на стабилни етички системи и од друга страна општествена погодна констелација да се развие феномен како што беше ТАТ“, вели режисерот Миленковски.
Многу е битно да не умре ТАТ, ако умре ТАТ ќе умре и вистината за ТАТ.

Филмот кај штедачите предизвика големи емоции.

„66 илјади марки во кеш ги дадов меѓу последните. Благодарение на мојата умствена способност останав нервно необолена. Парите ги спечалив од работа на нива. Колата, девојчето в кола затвори го и копај. Товари 50 тони репа, домати со приколици, пченица, сончоглед. Во ТАТ сè е државен капитал. Првата власт го украде, втората вели таа нека ви ги врати парите“, вели Елена Ристева.

„Се грабаше на лихварски зеланашки начин, со противзаконски каматни стапки се богатеа“, вели Кире Ковачев.

„Многу е битно да не умре ТАТ, ако умре ТАТ ќе умре и вистината за ТАТ“, изјави Пеце Гугучевски.

Денес, 17 години по аферата, стечајот е завршен, но не и судските процеси за имоти дадени под хипотека и златото кое со судска одлука треба да им припадни на штедачите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG