Достапни линкови

Учениците го слават Денот на Европа, а не знаат ништо за ЕУ


Охрид се приклучи на одбележувањето на Денот на Европа, каде преку различни содржини и активности учениците направија презентација на дел државите членки на Унијата.

Америка се наоѓа во Европската унија. Вакви одговори дадоа ученици од Охрид, кои го прославуваа 9 Мај, Денот на Европа. Други, пак, немаа основни познавања што е ЕУ и кои би биле придобивките за Македонија од зачленувањето во неа. Охрид се приклучи на одбележувањето на Денот на Европа, каде преку различни содржини и активности учениците направија презентација на дел државите членки на Унијата.
Знам дека во ЕУ се наоѓа Америка и тие држави кои се наоѓаат во Европа.

„Тоа е организација која настанала после војната за мирот за правата на луѓето“, вели една ученичка.

„Не знам што е“, вели друга ученичка.

„Сè уште немаме учено за ЕУ.

РСЕ: Од слушање на телевизија знаеш ли што е ЕУ?

„Знам дека во ЕУ се наоѓа Америка и тие држави кои се наоѓаат во Европа.“
Мислам дека повеќе треба да се обрне внимание за членките на ЕУ и што можеме да добиеме ако сме членка Македонија на ЕУ.

„Европската унија е унија од повеќе држави. И во неа членуваат Германија, Грција, Бугарија, Италија“, рече еден ученик.

Некои од наставниците сметаат дека ни недостасува поголема граѓанска култура и дека поголемо внимание во образовниот процес во Македонија треба да се обрне на изучувањето на ЕУ и нејзините институции.

Јонуз Шпреса, наставник по француски јазик во Основното училиште Братство и единство, вели дека во образовниот процес многу повеќе треба да се зборува за ЕУ.

„Мислам дека повеќе треба да се обрне внимание за членките на ЕУ и што можеме да добиеме ако сме членка Македонија на ЕУ. На децата им кажуваме дека Франција, Германија и други држави се членки на ЕУ и дека нивниот број е 28. Ние им кажуваме на децата дека иднината е ЕУ и дека тоа е држава без граници“, рече Јонуз.

За Европската унија учат учениците во 5-то одделение по предметот Граѓанско образование.
XS
SM
MD
LG