Достапни линкови

Во Донецк загинаа 6 украински војници


Украинското Министерството за Одбрана соопшти дека шест војници биле убиени во заседа од страна на про-руските бунтовници во источниот дел на земјата.
Конвој на оклопни возила бил нападнат надвор од градот Kраматорск од страна на 30 бунтовници со гранати и автоматско оружје.
Осум војници биле при тоа повредени. Краматорск се наоѓа во регионот Донецк, каде про-руските сепаратисти имаат воспоставено контрола. Донецк и соседниот регионот Луханск вчера прогласија независност.
XS
SM
MD
LG