Достапни линкови

ДУИ ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ поради евро-атланската иднина


Парламентарните и претседателските избори, евроатлантската интеграција, како и судскиот процес за случајот Смилковско езеро биле теми на денешната средба на амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата во Тетово.

Како што соопштуваат од ДУИ, на средбата амбасадорот Брет му ја честитал победата на Ахмети на изборите од 27 април и навел дека ОБСЕ е подготвена да соработува со локалните власти за надминување на точките кои се наведени во извештајот на меѓународните организации за изборите.

Ахмети, во однос на одлуката на ДУИ, да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека партијата одлучила да се фокусира во изнаоѓањето напредок во една единствена точка до крајот на оваа година, а тоа е евроатланската интеграција на земјата и регионот.
XS
SM
MD
LG