Достапни линкови

Ромпуј ја покани Молдавија да потпише договор за асоцијација со ЕУ


Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј денеска на средбата во Кишињев го покани премиерот на Молдавија Лурие Леанча да потпише договор за асоцијација со ЕУ на маргините на самитот на Унијата на 27 јуни.

Претходно претседателот на Молдавија Николае Тимофти изјави дека ќе го искористи своето суверено право да го одобри договорот и покрај надворешните политички и економски притисоци.

Тој вчера не ја именуваше Москва која се противи на договорот за асоцијација меѓу Молдавија и ЕУ.
XS
SM
MD
LG