Достапни линкови

Турција нема да плати воена оштета на Кипар


Турција не планира да плати 90 милиони евра оштета на Кипар за воената операција од 1974 година како што вчера пресуди Европскиот суд за човекови права, изјави денеска шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Кипарските власти тврдат дека со воената интервенција биле прекршени многу членови на Европската конвенција за човекови права.

Давутоглу истакна дека одлуката на Европскиот суд за човекови права е најголем удар врз кипарските преговори, кои беа обновени во февруари.

Кипар е поделен од воената интервенција во 1974 година, кога турската армија навлезе во северниот дел на островот, како одговор на државен удар во земјата спонзориран од Грција.

На северниот дел на островот е прогласена Турската Република Северен Кипар, која е призната само од Анкара, која не ја признава Република Кипар.
XS
SM
MD
LG