Достапни линкови

Штајнмаер: со разговори до решение на украинската криза


Франк Валтер Штајнмаер

Франк Валтер Штајнмаер

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изрази надеж дека преку отворени разговори меѓу политичарите и граѓанските групи е можно разоружување на проруските сепаратисти и подобрување на атмосферата за претседателските избори на 25 мај. Штајнмаер по денешните разговори во Киев со украинскиот премиер Арсениј Јацењук побара ослободување на сите заложници во источна Украина и напуштање на владините згради од страна на сепаратистите. Јацењук пак повтори дека клучот за решавање на ситуацијата во Украина не е во Киев, туку во Москва.
XS
SM
MD
LG