Достапни линкови

Израелскиот екс премиер Олмерт во затвор за корупција


 Ехуд Олмерт, Тел Авив, 13.05.2014.

Ехуд Олмерт, Тел Авив, 13.05.2014.

Поранешниот премиер на Израел Ехуд Олмерт денеска е осуден на шест години затвор и на парична казна од 210 илјади евра за корупција. Во март годинава судот го прогласи 68 годишниот Олмер за виновен поради тоа што примил мито додека бил градоначалник на Ерусалим меѓу 1993 до 2003 година. Олмерт беше израелски премиер од 2006 до 2008 година кога поради корупциски скандали беше принуден да поднесе оставка. Тој пред две години беше осуден на условна казна затвор за злоупотреба на службената должност.
XS
SM
MD
LG