Достапни линкови

Честитки од странски државници до претседателот Иванов


По повод реизборот на Ѓорге Иванов за претседател на Македонија, голем број шефови на држави му упатија честитки. Во писмото на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, меѓу другото, се наведува дека на патот на земјата до Европската унија, добрососедските односи, вклучувајќи ги и преговорите за заеднички прифатливо решение за спорот со името, остануваат од суштинско значење. Резултатите од гласањето го потврдуваат вашиот голем политички авторитет и доверба на граѓаните, се наведува во писмото на рускиот претседател Владимир Путин. Честитки до претседателот Иванов, меѓу другите, упатиле и претседателите на Германија, Јоахим Гаук, на Турција Абдула Ѓул, на Бугарија Росен Плевнелиев, на Полска Бронислав Коморовски, на Чешка Милош Земан, на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Иво Јосиповиќ, на Србија Томислав Николиќ и на Црна Гора Филип Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG