Достапни линкови

Во Либија ослободен киднапираниот амбасадор на Јордан


Јорданскиот амбасадор во Либија Фауаз ел Ајтан кој во минатиот месец беше киднапиран во Триполи, како што јави јорданската телевизија, бил ослободен без да се наведуваат околностите како дошло до тоа. Една недела по неговото грабнување, Јордан го ослободи Мухамед Дурси, радикален исламист кој во 2007 година беше осуден на доживотен затвор поради планирање бомбашки напад на аеродромот во Аман. Јорданските власти не соопштија дали неговото ослободување било поврзано со грабнувањето на амбасадорот.
XS
SM
MD
LG