Достапни линкови

Хјуман рајтс воч: Сирија повторно користила хемиско оружје


Хјуман рајтс воч денеска соопшти дека има силни докази оти сириската војска во минатиот месец користела хемиско оружје во војната против бунтовниците. Оваа организација прецизира дека војската на претседателот Башар ал Асад во средината на април употребила најверојатно хлор во три градови на северот на земјата. Бомбите со овој гас биле фрлени со хеликоптери. Обединетите нации најавија дека ќе ги провери ваквите наводи.
XS
SM
MD
LG