Достапни линкови

logo-print

Украина: Штајнмаер во Киев, Јацењук во Брисел


Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер денеска во Киев, како што е најавено, ќе се заложи за преговори меѓу украинската влада и проруските сепаратисти на истокот на земјата. Тој во Киев ќе се сретне со премиерот Арсениј Јацењук, а потоа ќе замине во источниот дел на Украина. По средбата со Штајнмаер, Јацењук треба да замине за Брисел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека го поддржува посредството на ОБСЕ во решавањето на украинската криза. ОБСЕ го наименува германскиот дипломат Волфганг Ишингер за свој посредник во Украина. Проруските бунтовници вчера, по референдумите за независност на регионите кај градовите Доњецк и Луганск, најавија дека ќе побараат нивно припојување кон Русија.
XS
SM
MD
LG