Достапни линкови

36 луѓе повредени во судар меѓу воз и автобус на патот Штип Велес


Триесет и шест лица се повредени во судар меѓу шинобус и автобус во близина на бензинската пумпа Мики петрол на патот Штип-Велес. Директорот на Клиничката болница Александар Стојановски информира дека 16 патници од автобусот биле донесени во болницата и оти сите биле во стабилна состојба. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Стојановски. Уште 20 повредени биле пренесени во велешката болница. Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.
XS
SM
MD
LG