Достапни линкови

logo-print

Како референдумите во Украина ги прекршија правилата


Постојат многу докази дека референдумите за самоопределување во двата источноукраински региона Доњецк и Луганск биле проследени со процедурални нарушувања. Иако сепаратистите ги прогласија за успешни, како што пишува нашиот новинар Дејзи Синделар, референдумите отворија повеќе прашања, отколку што понудија одговори.

Познато е дека изборните власти во двата региона објавија дека на референдумите била искажана огромна поддршка за независност: 89 проценти во Доњецк и околу 96 насто во Луганск.

Познато е дека Киев и западните земји, вклучувајќи ги и Соединетите држави ја отфрлија легитимноста на гласањето.

Јасно е дека Москва изрази почит за ваквата народна волја и повика на цивилизирана имплементација на резултатите преку преговори со Киев. Познато е и тоа дека гласањето не мина без насилства, во кои загина најмалку едно лице.

Не е познато колку всушност луѓе гласаа

Сепаратистите тврдат дека одѕивот бил околу 70 отсто во двата региона.

Заедно Доњецк и Луганск сочинуваат 15 отсто од населението на Украина или 7 милиони жители. Но, нема прецизни податоци за оние што гласале, ниту пак објаснување како изборните комисии за толку брзо време ги преброајале гласовите.
Некои сметаат дека независноста значи интеграција со Русија, други дека ќе останат дел од Укрина но со поголема автономија. Има и такви кои мислат дека ќе бидат независни и од Украина и од Русија.


Привремениот укриански претседател Олександар Турчинов изјави дека одѕивот во Луганск бил 24, а во Доњенцк 32 насто. Секако и овие податоци не се прецизни.

Постојат многу причини за сомневање во референдумите. Најпрвин подготовките траеа помалку од еден месец и според сепаратистите чинеле помалку од 1.700 долари.

Тука се и таканаречните невидливи гласачи. Додека проруските медиуми јавуваа за долги редици на луѓе кои чекаат да гласаат, други новинари во Луганск и Доњецк документирале докази за скоро празни избирачки места.

Гласањето се одвиваше со знаци на принуда

Скоро сите поголеми гласачки места беа чувани од луѓе со црни поткапи и со автоматско оружје.

Изборните комисии беа составени од само тројца членови и работеа без избирачки список. Тоа ја отвора можноста едно лице да гласа на повеќе места.
Украинските сили запреле возило пред Доњецк во кое вооружени луѓе транспортирале околу 100 илјади гласачи ливчиња со заокружени позитивни одговори.

Некои новинари јавуваат дека сепаратистите ги кинеле ливчињата на кои бил заокружен негативен одговор.

Според анкетата на Пју Центарот за истражување, 70 насто од Украинците на истокот сакаат земјата да остане обединета, додека само 18 насто ја поддржуваат идејата за сецесија.

Голем бил процентот за единствена Украина и меѓу руското малцинско население во регионот, дури 58 насто.

Гласањето не беше следено од меѓународни посматрачи, па дури ни од руски, додека на новинарите и фоторепортерите некаде не им беше дозволено да влезат на гласачките места.
Многумина жители на источна Украина денес се прашуваат за што гласале. На ливчињата беше прашањето дали сакаат назвисност, но гласачите интервјуирани од РФЕ имаа различни интерпратции.

Некои сметаат дека независноста значи интеграција со Русија, други дека ќе останат дел од Укрина но со поголема автономија. Има и такви кои мислат дека ќе бидат независни и од Украина и од Русија.

Што може да биде следното?

Разни самопрогласени сепаратистички лидери веќе ги објавија нивните намери, од формирање нови цивилни и воени власти, до нови референдуми за приклучување кон Русија.
Тоа би можело да води до региони со замрзнат конфликт каде што ќе име паралелни украински и сепаратистички структури. Или пак натамошни насилства како предуслов за конечно минување на границата од страна руските сили како миротоворци.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG