Достапни линкови

logo-print

Српскиот премиер Вучиќ во посета на БиХ


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на БиХ, по покана на претседавачот на Советот на министри на оваа земја Вјекослав Беванда. По нивната средба, предвиден е и состанок на делегациите на двете држави. Вучиќ ќе го посети и седиштето на Советот за регионална соработка, каде што ќе се сретне со генералниот секретар на оваа организација Горан Свилановиќ. Српскиот премиер ќе ја посети и општата болница во Сараево.
Пред патувањето за Сараево, во интервју за федералната телевизија на БиХ, Вучиќ изјави дека не очекува никакво лутење во Бањалука поради денешната посета. Имаме блиски односи со Република Српска во согласност со Дејтонскиот договор и законот за специјални врски меѓу Србија и Република Српска и тоа нема да се промени, но ние го почитуваме територијалниот интегритет на БиХ и сакаме да развиваме доверба и пријателство со БиХ, истакна српскиот премиер.
XS
SM
MD
LG