Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Иран и 6 светски сили денеска во Виена почнуваат нова рунда преговори, чија цел е да биде постигната трајна нуклеарна спогодба. Разговорите меѓу Техеран и таканаречената П5+1, доаѓаат еден ден по состанокот меѓу нуклеарни посматрачи на ОН и ирански преговарачи во Виена, кој заврши без најава на каква било акција за намалување на загриженоста на Западот поради обидите на Иран да направи нуклеарно оружје. Меѓународната агенција за атомска енергија по вчерашниот состанок укажа дека Иран мора да направи повеќе за целосна имплемантација на серија транспарентни чекори кои се согласи да ги стори до 15 мај.
Американскиот советник за национална безбедност Сузан Рајс вчера изјави дека Иран мора да се согласи на „проверлива акција“ или нема да има конечен договор. Групата П5+1 ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Кина, Русија и Германија.
XS
SM
MD
LG