Достапни линкови

Оланд: Ерменија може и во ЕУ и во Царинска унија со Русија


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе биде можно Ерменија да почне постапка за спогодба за асоцијација со ЕУ и покрај плановите на Ереван да се приклучи на Царинската унија предводена од Русија. Во изјава за Радио Слободна Европа, Оланд по пристигнувањето во Ереван рече дека Унијата ќе биде во можност да прифати „специфичен модел за Ерменија“. Меѓутоа, тој додаде дека Брисел и Ереван мора да работат заедно на ова сценарио.
Оланд допатува вчера во Ереван по посетата на Баку, каде што разговараше со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Тој изјави дека турнејата по регионот на Јужен Кавказ е со цел да се забрза смирувањето на актуелните недоразбирања меѓу Азербејџан и Ерменија околу Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG