Достапни линкови

Амнести: тортурата во светот и натаму широко распространета


Амнести Интернејшнел соопшти дека тортурата останува широко распространета во многу делови на светот, три децении по усвојувањето на Конвенцијата на ОН против тортура. Организацијата за човекови права издаде соопштение пред денешното објавување на „Стоп за тортурата“, глобална кампања за борба против тортурата и други малтретирања во светот. Амнести ги обвинува владите дека се дволични во врска со тортурата- „ја забрануваат во законите, но ја применуваат во пракса“.
Дел од кампањата Амнести фокусира врз Узбекистан, каде што, како што се вели во соопштението, тортурата останува раширена, но оние кои се одговорни ретко завршуваат на суд. Се наведува дека во многу поранешни советски републики тортурата е присутна, кога корумпирани полициски сили користат злоупотреба како најлесен начин да се дојде до признание, а и да се изнудат пари од жртвите.
XS
SM
MD
LG